Конечно позначително поевтинување на горивата: Од полноќ важат овие цени

 

Конечно позначително поевтинување на нафтените деривати. Од полноќ бензините поевтинуваат за 3 денари а дизелот за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 105,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.07.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 108,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува исто така 101,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 99,50 ден/лит.

 

07.07.2022 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега