Пред денешниот конгрес на СДСМ: Филипче се загрева во теретана

 

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче утрово на социјалните мрежи објави селфи на кое позира во спортска облека во теретана. 

Фотографијата е објавена во раните утрински часови, непосредно пред денешниот 30. партиски Конгрес на социјалдемократите, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.Со тоа ќе стане извесно кој се’ ќе ги носи клучните одлуки во опозициската партија која в година повторно ќе треба да се соочи со гласачите на локалните избори

Социјалдемократите известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.

На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.

24.11.2024 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа