Јаневски: Туризмот брзо закрепнува, се очекуваат над 400 милиони долари прилив
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски годинава очекува 2,5 милиони ноќевања и над 400 милиони долари директен прилив од секторот во домашната економија.
Како што соопшти денеска на прес-конференција, туристичкиот сектор забрзано закрепнува, а за тоа најмногу придонеле традиционалните и гостите од регионот – Полска, Косово, Србија, Албанија и Турција.
Проекциите на АППТ, потенцира Јаневски, се дека до 2025 година македонскиот туризам ќе достигне над пет милиони ноќавања и преку 600 милиони долари прилив.
-Во 2022 ќе имаме и повеќе чертери. Од средината на мај од Холандија, во јуни од Полска, кон крајот на мај стартува новата линија Тел Авив – Скопје, во почетокот на јуни и новата линија Измир – Скопје, а се очекува и уште една нова линија, а тоа е Марибор – Скопје, истакна Јаневски.
Тој најави дека во 2022 година ќе почне и новата стратегија во туризмот. АППТ планира и да ја брендира земјава како туристичка дестинација, да креира ново лого кое ќе се развие во државна кампања во 2023 година, како и да го зголеми присуството на државата на традивционалните пазари со кампања која ќе почне во средината на мај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа