Излетаа три автомобили, повредени шест лица

Во текот на вчерашниот ден три автомобили излетале од патот, соопшти МВР. Протоа, со повреди се здобиле шест лица.

Првата несреќа се случи на 27 јуни околу 5 часот утрото на патот Прилеп-Битола, кога пред надвозник за селото Долно Српци, автомобил „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Г.М.(60) од Битола, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.М.(55) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Втората несреќа за која веќе претходно информиравме се случила во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, во близина на влез за Меѓународен аеродром-Скопје, патничко возило „шевролет матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, патнички автомобил „рено“, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот. Кај возачот и сопатникот С.Ј. (61) од Охрид биле констатирани телесни повреди, а кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди во Општата болница во Кичево.

Извршен е увид на сите локации.

28.06.2024 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега