ФОТО: Полицијата влезе во Батинци - Пронајден цел арсенал оружје

 

Денеска (27.05.2025) во 09 часот во селото Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.Х.(53) затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.

По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка. 

27.05.2025 - 11:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега