ФОТО: Апсење во Скопје - Ги сопреле со Голф па веднаш ги привеле

 

На 01.06.2025 околу 18.10 часот од страна на полициски службеници од ПО Мирковци и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во селото Горњани, скопско, сопрено е патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К. (26), а сопатник во возилото бил А.И.(25), двајцата од селото Блаце, скопско.

При преглед во возилото пронајдени се огревни дрва, без документација. А.К. и А.И. се приведени и возилото и дрвата се одземени.

Известена е шумската полиција и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

02.06.2025 - 09:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега