„Бездомништвото во Северна Македонија: Предизвици, политики и предлог решенија“

 

Завршна конференција во рамки на проектот „Грижи се 2“ ќе се одржи денеска на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје. На конференцијата ќе се презентира документ за јавни политики „Бездомништвото во Северна Македонија: Предизвици, политики и предлог решенија“. 

Конференцијата е во организација на Здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Љубезност“, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ - Тетово и Хуманитарно добротворна фондација „Македонски Каритас“ - Скопје.

Проектот „Грижи се II“ обезбедува директна поддршка на најранливите категории кои се соочуваат со социјални, здравствени и економски предизвици во  Град Скопје и општините Тетово и  Гостивар. Главен акцент е ставен на ромската популација, бездомните лица, невработените, жените и лицата во социјален ризик.

За време на завршната конференција, како што е најавено, ќе се обрати Харалд Бреза-Фугер, аташе на Сојузното Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија, претставник од Каритас Австрија, претставници од партнерските организации кои го спроведуваат проектот во Северна Македонија и соработници од институциите.

26.03.2025 - 08:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега