Без струја три скопски општини
Поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Сарај.
– Во време од 04:00 – 15.00 часот со прекин на електричната енергија ќе бидат објектите на „Вивакс“, „Електроелемент“, „Електрометал“и „Лек“ во општина Гази Баба, од 09:00 – 14.00 часот дел од ул. „Црвена Армија“, објектот на противпожарна бригада во Ѓорче Петров, објектите околку паркот во Ѓорче Петров и објектот на „Тинекс Маркет“ во општина Ѓорче Петров) и во време од 09:30 – 14.30 часот корисниците од селата Глумово, Шишево, Горна Матка и објектот на Музеј Матка во општина Сарај, соопштија од Центарот за управување со кризи
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа