Бесент: Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за минерали

 

Украина сака да направи измени во последен момент во договорот за украински минерали со САД, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент, додавајќи дека Вашингтон е подготвен да го потпише денеска.

„Да, ние сме подготвени да го потпишеме договорот, но Украина одлучи да направи некои измени во него во последен момент“, рече Бесент на состанокот на кабинетот во Белата куќа.

Тој додаде дека САД се „подготвени да го склучат договорот уште денеска“.

Претходно, Украина соопшти дека САД и Украина би можеле да го потпишат договорот за минерали во следните 24 часа, откако ќе се разјаснат конечните детали.

30.04.2025 - 23:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега