ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска

 

Натпреварувачка комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го регистрираше денеска натпреварот меѓу Воска и Вардар од 28. коло во Прва македонска фудбалска лига, со службен резултат од 0:3.

Одлуката доаѓа откако прволигашкиот натпревар не го дочека својот крај во саботата кога при резултат 1-1, фудбалерите на Воска го напуштија теренот незадоволни од судиска одлука.

Поради напуштањето на теренот, Воска е предадена на Дисциплинската комисија на ФФМ, заедно со клупскиот тренер Арбри Клодиан и капитенот Агон Хаги.

Паралелно со ова, Воска е предадена на Дисциплинската комисија поради слаба организација на натпреварот и навредливо скандирање на домашната публика.

23.04.2025 - 17:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега