Автомобил излета на патот Охрид - Струга, две лица повредени

 

Вчера во 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид - Струга, на место викано „Оровничка плажа“, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(35) од Тетово, излетало надвор од коловозот. 

Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот Б.В.(32) од Тетово, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

23.06.2024 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега