Жена од Гостивар го пријавила сопругот за напад, подоцна и тој самиот се пријавил во станица

 

СВР Тетово соопшти дека ноќеска 25 минути после полноќ во ОВР Гостивар, 32 – годишна гостиварка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 35 годишен сопруг Ф.Ш.

Подоцна, тој сам се пријавил во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, извести СВР од каде додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

22.08.2024 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега