Агелер: Доказите против Груби се достапни, но македонските власти треба да преземат акција
Американската амбасадорка, Анџела Агелер, изрази задоволство што поранешниот вицепремиер Артан Груби се најде на црната листа на САД.
Во поткаст, таа истакна дека доказите за неговото означување од американските власти се достапни за македонските институции, но нагласи дека тие не се органи на прогонот.
„Доказите се тука, голем дел од нив. Можеме да покренеме истрага врз основа на она што е достапно во Македонија и регионот. Сепак, ние како амбасада не сме орган на прогонот. Не можам да влезам во нечии домови, но се надевам дека ова ќе поттикне акции. Морам да нагласам дека последните имиња на црната листа предизвикаа значајни реакции“, рече Агелер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа