Поради мрсен бурек ќе направел масакр: Сакаш да ме отруеш, ќе ве запалам сите, ќе ве убијам

 


Граѓанинот на Босна и Херцеговина, М. К. (46), е осуден на затворска казна од 20 дена затоа што утринава се заканувал дека ќе убие жена и работник во пекарница во Будва.

Како што дознава „Вјести“, судијката на Судот за помали прекршоци во Будва, Магдалена Мијиќ, му изрече затворска казна, која веднаш ќе биде извршена.

Како што е соопштено за „Вјести“, државјанин на БиХ, утринава, околу 3.30 часот, бил во пекарницата и побарал да биде послужен по што незадоволен од услугата почнал да ѝ се заканува и да ја навредува вработената и ја опцул неколкупати.

„Јави се кај газдата, ќе викнам полиција, ќе ве запалам, сето ова ќе изгори, сакаш ли да ми ги отруеш децата затоа што бурекот е многу мрсен, дали сакаш да ме отруеш“, се заканил.

Еден час подоцна, околу 4.20 часот, државјанинот на БиХ се заканил и кон вработен велејќи: „Сакаш да ме отруеш, ќе ве запалам сите, ќе ве убијам, тоа убиство во Цетиње ќе биде мала работа“ мислејќи на масакрот извршен од Ацо Мартиновиќ на 1 јануари.

03.01.2025 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега