(ВИДЕО) Хаос во Србија: полицијата за раце и нозе влечеше луѓе кои ги блокираа автобусите за митингот на Вучиќ
Посериозен конфликт меѓу полицијата и граѓаните во Нови Пазар се случи откако студентите, според информациите од социјалните мрежи, го блокирале преминот на автобусите со приврзаници на СНС на пат кон митингот во Белград.
Студенти и граѓани седнаа на коловозот во обид да го блокираат минувањето на автобусите, но полицијата, според видеата објавени на социјалните мрежи, насилно интервенирала и почнала да ги отстранува од улицата, пишува Нова.
Насобраните извикуваа: „Срам ви е?“, „Срам да ви е“, додека полицајци, како што може да се види на видео снимките, влечеа некои граѓани за раце и за нозе.
Полицијата ја отстрани толпата од коловозот и дозволи автобусите да поминат.
Додека возилата поминуваа, граѓаните и студентите со негодување и свирежи им викаа „Чаци“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа