Трагедија ја потресе Македонија: Пронајдено безживотно тело во Охридското Езеро
Безживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.
Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство.
Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него.
На лице место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, која само констатирала смрт.
19.06.2025 - 15:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа