Зголемени цените на угостителските услуги за 1,4 отсто

 

Цените на угостителските услуги во јуни во споредба со мај годинава, се зголемени за 1,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1,9 проценти, Алкохолни пијалаци за 0,7 проценти, Безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и Ноќевања за 0,3 проценти.

Според ДЗС, цените на угостителските услуги во јуни годинава во однос на јуни лани се зголемени за 11,2 проценти.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јуни 2022 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 7,7 проценти, додека во однос на декември 2021 година е зголемен за 6  проценти.

05.07.2022 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега