Зеленски го покани Џеј Ди Венс да ја посети Украина: Сè уште ве чекаме

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно го покани американскиот потпретседател Џеј Ди Венс да ја посети Украина. Сепак, како што тврди, се уште не добил одговор.

Во интервју за магазинот Тајм, Зеленски рече дека му предложил на Венс да ја преиспита својата одлука да не ја посети Украина додека трае војната.

„Сè уште ве чекаме“, му рекол Зеленски на американскиот функционер, но, како што вели, не добил никаков одговор.

Во истото интервју, Зеленски изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе разбере дека Владимир Путин е „послаб отколку што изгледа“ и дека „не може да му се верува“.

Иако рече дека не верува во апокалиптични сценарија, тој откри дека во еден од неговите неодамнешни разговори со Трамп, се обидел да замисли како би изгледал прекинот на огнот кој постојано ќе биде нарушен од руските напади.

Во такво сценарио, рече тој, сите градови и населени места долж линијата на фронтот во Украина ќе станат како „илјада Берлин“ од времето на Студената војна – „мртва зона“ на картата на Европа.

За време на тензичните разговори во Белата куќа претходно овој месец, Џеј Ди Венс тврдеше дека Украина се потпира на присилна мобилизација.

На тоа Зеленски одговори со контрапрашање: „Дали некогаш сте биле во Украина за да разговарате за нашите проблеми?

Игнорирајќи ја поканата да ја посети земјата, Венс одговори: „Јас всушност ги гледав и ги следев тие приказни и знам дека кога nosite луѓе, ги носите на пропагандна турнеја, господине претседателе“.

 
24.03.2025 - 21:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега