Трагедијата ја засени среќата за свадбата на ќерката - Наум скршен по смртта на Андреј

 

Македонскиот пејач Наум Петрески е скршен по загубата на својот колега и пријател, Андреј од ДНК, кој за жал е една од 59-те жртви на пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Наум секојдневно објавува фотографии со Андреј на социјалните мрежи, и емотивни статуси за загубата на пријателот.

- Поцрно не сум се чувствувал никогаш, напиша пејачот во една објава.

- Ние сме само миг или дел од секундата, напиша во друга објава.

- И пак така, црнилиште, и Господ не е со нас...напиша Наум на Фејсбук.

Неодамна, Петрески ја венча својата ќерка Сања, а среќата беше засенета од ненадејната загуба на неговиот голем пријател.

Инаку, Андреј Ѓорѓиески, пејачот од дуото ДНК беше погребан на градските гробишта Бутел, на 20 март, во 10 часот.

 

За жал во пожарот загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени и се лекуваат во Македонија, регионот и странство.

26.03.2025 - 11:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега