Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата се подобрува, се надева на брзо враќање во Македонија

 

Еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, Иван Нисов преку видео повик се огласи и проговори за тоа каква е неговата состојба.

Тој е моментално на лекување во Полска.

Како што вели, веќе е подобар, состојбата му е смирена, додека претходно имал проблеми со дишењето.

Од она што му го кажале тамошните лекари, внатрешно бил прочистен, но се уште прима инхалации, кислород, инфузии, и лекови преку неа.

Иван се надева дека наскоро ќе биде отпуштен од болницата и ќе може да се врати дома во Македонија.

26.03.2025 - 18:30

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега