Завршува мерката “Есенска потрошувачка кошничка“

 

Мерката која имаше за цел да ги ограничи профитните маржи на 73 основни прехранбени производи на 10% завршува. Владата изрази подготвеност да реагираат остро ако цените повторно се зголемат по истекот на интервенцијата.

Според владините претставници мерката донела позитивни резултати со намалување на цените од 5 до 10%, но Синдикатот на Македонија укажува на проблеми, велејќи дека трговците ја изиграле истата со зголемување на цените на други производи.

Според нив, потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство во октомври се зголемиле на 61,249 денари. Синдикатот бара поголема соработка со Владата при креирањето на мерките, како и зголемување на минималната плата на 450 евра.

Иако министеркаса за финансии Димитриеска Кочоска спротивно на министерот за економија Дурмиши не се согласува со праксата за воведување на вакви мерки Владата планира новогодишна и божиќна потрошувачка кошница со ограничено времетраење, со цел да се поддржи економскиот стандард на граѓаните.

31.10.2024 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега