Заврши вонредниот надзор во „Усје“: Министерството ги достави резултатите до медиумите

 

Поради надминување на прагот за алармирање во однос на квалитетот на амбиенталниот воздух во Скопје, Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со Инспекторатот за животна средина од Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор над Цеметара Усје на ден 30.12.2022 година, при што се побарани извештаи за мерења од двата испусти од печките 3 и 4 за 28-29.12.2022 година.

Истотака, вонреден инспекциски надзор е извршен и на 03.01.2023 и 04.01.2023 од страна на Државниот инспекторат за животна средина во соработка со Инспекторатот за животна средина на Град Скопје и акредитирана лабораторија, која изврши мерење на емисија на гасови и прашина од оџаците на двете печки за клинкер. На 04.01.2023г. извршени се мерења на емисија на гасови од оџакот на парниот котел со моќност од 4,2 МW кој користи мазут како гориво.

„По добивањето на резултатите од мерењето на акредитираната лабораторија, на 11.01.2023г., се констататира дека измерените параметри од двете печки за NOx, SO2 и прашина се во рамките на максимално дозволени концентрации според А-интегрираната еколошка дозвола. Емисиите од котларата за парно греење која користи мазут, покажува надминување за NOx и изнесува 711,9 mg/Nm3“, се вели во известувањето на МЖСПП.

13.01.2023 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега