Закана со бомба пред австриска државна телевизија, маж приведен, комбето се претресува

 


Еден маж е приведен откако со комбе го блокирал патот пред седиштето на австриската државна телевизија ОРФ во Виена и тврдел дека поставил бомба во возилото, соопшти денеска австриската полиција.

Возилото се претресува, објави полицијата на социјалната мрежа Икс. Службите за итни случаи ги евакуираа зградите во областа.

Водителот на ОРФ, чија програма беше откажана поради безбедносната закана, во етерот изјави дека мажот се заканил дека ќе изврши бомбашки напад пред седиштето на телевизијата.

25.03.2025 - 11:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега