Заев: ПЕС поднесе барање до Советот на ЕУ преговарачката рамка да биде усвоена до 10 ноември

Премиерот Зоран Заев во говорот на почетокот на 25.дигоитален конгрес на СДСМ пред членовите на владеачката партија рече дека Партијата на европските социјалисти до Советот на ЕУ поднела барање да биде усвоена преговарачката рамка со Македонија до 10 номеври, а првата меѓувладина конференција да се одржи до крајот на годината.

„Имаме обезбеден национален идентитет од целиот свет, македонскиот јазик е впишан во нашата лична карта во ОН, имаме држава со имотен лист.. Одиме напред кон Европската унија и имаме јасни очекувања - одржување на првата меѓувладина конференција и започнување на преговарачкиот процес

Силна поддршка за тоа меѓудругите имаме и од нашите пријатели - Партијата на европските социјалисти. Токму оваа европска партија пред неколку денови донесе заедничка изјава со која од Советот на ЕУ преговарачката рамка со Северна Македонија да биде усвоена до 10 ноември а првата меѓувладина конференција да се одржи до крајот на оваа година. Драги пријатели од ПЕС, нашето членство ви благодари, нашиот народ ви благодари“, рече Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега