За помош за новороденче отсега доволно е само еден родител да биде од Општина Центар
Наместо двајцата родители, како што беше досега, отсега за остварување на правото на парична помош за новороденчиња, доволно е само едниот родител да има лична карта со постојано живеалиште во Општина Центар.
Оваа одлука за измена на Правилникот за постапка за остварување право на парична помош за новороденче во висина од 7.000 денари, која беше усвоена на последната 18-та седница на Советот на Општина Центар, значително ќе ја олесни процедурата за добивање на парична помош на родителите, соопшти општинската прес-служба.
Во измените се додава и правото за остварување на парична помош за новороденче и за самохраните родители. Услов за остварување на паричната помош е самохраниот родител да е со постојана адреса на живеење на територијата на Општина Центар.
– Со оваа активност, Општина Центар уште еднаш покажува дека се грижи за најмладите жители, давајќи им поддршка на нивните родители. На овој начин не само што се помагаат семејствата со принова, туку општината добива и евиденција за новородените деца на нејзина територија, неведуваат од Општина Центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа