Времето денеска: Сончево и топло со мала до умерена облачност

 

 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во северните делови од земјата. Ќе дува слаб претежно јужен ветер, само во североисточните делови ветерот ќе биде северозападен. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 33 степени. UV=5, извести УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе се задржи и понатаму топло. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот.

14.09.2023 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега