Во напад со нож во Сиднеј повредени се четири лица, меѓу нив и полицаец

Четири лица се повредени утринава, меѓу кои и еден полицаец, во напад со нож во Сиднеј, соопшти полицијата.

„Напаѓачот кој побегнал од местото на нападот бил брзо фатен. Во моментов нема закана за луѓето во Сиднеј“, изјави министерот за полиција на државата Нов Јужен Велс, Џесмин Катли.

Полицијата соопшти дека никој смртно не настрадал во нападот што следеше по сообраќајна несреќа во јужното предградие Енгадин во Сиднеј.

Во Сиднеј, град со пет милиони жители, оваа година се случија серија напади со нож, поради што Владата на Нов Јужен Велс го заостри законот за носење ладно оружје

 
25.08.2024 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега