ВМРО: Како Филипче со административна плата дојде до златна виза за Дубаи?
Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи. Ова го велат денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
- Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи? Колку милиони чини и на кој начин се стекнати? Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче. Дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи? На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж во приватен бизнис?, прашуваат тие.
Велат дека додека СДСМ велеле дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите.
- СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства, додаваат ВМРО.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа