Хаос во угостителството: Одземени лиценците на 9 објекти - откриени сериозни пропусти
Од вкупно 23 угостителски објекти со активна лиценца, кај 17 се утврдени неправилности, информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши
На девет субјекти веднаш им се одземени лиценците, додека осум имаат рок да ги отстранат утврдените технички недостатоци, истакна Дурмиши.
Како што рече Дурмиши, инспекцискиот надзор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) покажал дека кај дел од објектите се работи за технички проблеми кои можат да се решат во разумен рок.
„Контролите од ДПИ покажаа дека се работи за технички услови кои се отстранливи. Затоа е даден соодветен рок, но ако субјектите не ги исполнат условите, ќе им бидат одземени и лиценците“, нагласи министерот.
Во однос на потребата од посистемски пристап во контролата, Дурмиши најави измени на Законот за угостителска дејност. Работна група веќе работи на законски решенија кои ќе предвидат две можности – контролите да ги преземе Пазарниот инспекторат или да се формира специјализирана комисија составена од претставници на надлежни институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа