ВМРО-ДПМНЕ: Груби врати се

 

Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија, одговорност за криминалот мора да има, Порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес конференција.

Чистиот како солза Груби, кој првин се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал во Лотарија ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД, а пред отпочнување на кривичната постапка против него.

Дали е чист како солза или матен нека си докаже пред суд, ако има храброст да се соочи со доказите.

8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главни актери се Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.

И Груби и Бајрами се кадар на ДУИ, кои додека ја краделе државата по потреба еднаш беа зелени, па европејци, па сееја раздор за етнички тензии. Во принцип само менуваа маски за да крадат.

Пукна како меур од сапуница наративот на ДУИ дека се борат за зелени агенди или за ЕУ. Тие се бореле и се борат за да прават криминал и да ги ограбуваат граѓаните, соучесници во тој криминал им беа СДС.

Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби, ДУИ и СДС мора да има - порача Лефков

17.12.2024 - 12:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега