Христовски: И тек како имаме индиции за злоупотреби
Т.н Агенција за Национална безбедност (АНБ) реформирана во 2019 година била сѐ, но не била реформирана институција. Повеќе било фасада од реформирана институција. Тоа што се случувало внатре било да една помала група, составувајќи ја, еден поранешен директор и помала група вработени во институцијата. И тек како имаме индиции дека ја злоупотребиле својата службена положба.
Ова предмалку го кажа директорот на АНБ, Бојан Христовски на настан посветен на Денот на Агенцијата.
Рече дека повеќе детали за случајот кој го отвори токму тој во петокот не може да сподели.
-За истото е известено Основното јавно обвинителство и повеќе детали за ова не би можел да споделам бидејќи се работи за детали коишто, како што кажа и премиерот, се со висока класификација и се сензитивни и не би сакале да нарушиме и некој законски процес. Воедно да нарушиме процес којшто е, или ќе биде отпочнат од страна на Јавното обвинителство, рече Христовски.
Рече дека овој ден повеќе го гледа како ден со којшто АНБ раскрснува со минатото.
-Ден со којшто покажуваме, даваме порака до сите коишто некогаш се дрзнале да ја злоупотребат својата службена положба, повеќе да не го прават тоа. Се надеваме дека доколку се докаже вина, кај тие, за кои ние го имаме известено Јавното Обвинителство, ќе одговараат за тоа и дека веќе никогаш нема да се повтори незаконско, непрофесионално и неетичко работење во Агецијата, рече Христовски.
Прашан колкава група била прислушувана од групата од АНБ, тој топката ја префрли кон ОЈО.
-Јас би ве повикал да сите прашања насочите кон Јавното обвинителство, рече Христовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа