Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапува дизелот
Цената на бензините не се менува, дизелот од полноќ ќе биде поскап за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика.
Со тоа, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава по цена од 75 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по 77 денари за литар.
Од друга страна, малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари по литар. Така, новата цена на дизелот изнесува 68,50 денари за литар, а на екстра лесното масло 68 денари за литар.
01.09.2025 - 11:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа