Владата исплатила осум милиони евра како помош на туристички агенции, ресторани, фитнес центри и други субјекти
Владата на Република Македонија во мај 2021 година објавила јавни повици за доделување на финансиска поддршка на деловни субјекти.
За поддршка можеле да аплицираат туристички агенции, оператори и агенции од индустријата за организација на настани, ресторани за свадби, угостителите регистрирани со конкретно наведена шифри на приоритетна дејност, фотографски студија и фитнес центри, ноќни клубови, игротеки и детски одморалишта, со цел закрепнување на економијата и излез од економската криза.
За ова намена исплатени се средства во износ од 499.507 илјади денари, односно над 8 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа