(ВИДЕО) Возила насекаде - голем сообраќаен хаос денеска на Водно

 

Денес Водно беше една од најатрактивните локации за жителите на Скопје.

Загаденоста на метрополата е главна причина за скопјани да избегаат на планина.

Репортери на 24инфо пренесуваат дека при денешното качување на Водно се соочиле со невиден сообраќаен метеж.

Возила имало насекаде по должината на патот, во страничното зеленило, а редицата од возила што чекале да најдат паркинг, била толку долга, што патот бил заглавен уште од средно Водно, пренесува порталот.

07.01.2023 - 21:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега