(ВИДЕО) Спасовски: Македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ

Македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ, пишува на социјалната мрежа ФБ, првиот човек на МВР, Оливер Спасовски објавувајќи видео од атмосферата на чествувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев.  
 
„Дозволете да оддадам признание и да упатам честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР при исклучително добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен - еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата на Спасовски.

05.02.2023 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега