ВИДЕО: Славната манекенка падна на ревија, ги соблече чевлите од познатата модна куќа и бесно ја напушти пистата

 

Супермоделот Кристен МекМенами падна на пистата за време на ревијата на високата мода на Валентино на овогодинешната модна недела во Париз.

Манекенката, која беше незаменлива на меѓународните модни писти во 80-тите години, се мачеше додека шеташе со дизајнерските потпетици на споменатата модна куќа.

Откако се бореше да направи неколку чекори, МекМенами изгуби рамнотежа и падна на колена. Присутните од публиката веднаш дојдоа да и помогнат.

Меѓутоа, пред да стигнат до неа, МекМенами, видно исфрустрирана од ситуацијата, ги соблече чевлите и боса бесно ја напушти пистата.

Видеата од тој момент станаа вирални и собраа милиони прегледи на различни платформи.Бројни корисници на интернет го поддржаа топ моделот.

„Не знам зошто луѓето велат дека зависи од неа кога чевлите и се очигледно неудобни и тешко оди дури и кога ги соблече“, „Ова видео никогаш не ме тера да купам чевли на Валентино“, „Таа е јасно во болка“, „Ова е болно да се гледа“, беа реакциите на Твитер.

МекМенами подоцна се пошегува за целата ситуација.

„Пред падот“, напиша таа покрај фотографијата на која се подготвува за модната ревија.

27.01.2023 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега