ВИДЕО: Шпанците се фатија на оро со Албанците

Многубројните албанските навивачи пред да заминат на стадионот во Дизелдорф за да го гледаат мечот со Шпанија, за загревање заиграа оро, а тоа им се виде интересно на Шпанците, па некои од нив се фатија на орото и се обидоа да го фатат ритамот, пренесува sportmanija.mk.

Очигледно дека атмосферата е пријателска, а некои од албанските фанови ја искористија оваа прилика и со транспарент побараа од Шпанија да ја признае независноста на Косово.

24.06.2024 - 19:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега