Унгарска лабораторија ја потврди ефикасноста на „спутник В“

Специјализирана лабораторија во Унгарија ја потврди ефикасноста на руската вакцина „спутник В“ против Ковид-19 откако првата пратка пристигна во Словачка на 1 март, објави ТВ-каналот ТА3 повикувајќи се на словачкиот министер за здравство, Владимир Ленгварски.

„Резултатите од анализите на руската вакцина „спутник В“ спроведени во Унгарија по барање на Словачка се во ред“, изјави министерот.

Ленгварски истакна дека неговото министерство добило официјална потврда за успешно завршување на анализите од страна на унгарското Министерство за здравство. Ќе се одржат консултации со експерти и со руската страна за да се утврдат понатамошните чекори на Словачка во однос на руската вакцина складирана во нејзините магацини.

Марек Крајчи, еден од оние што го иницираа купувањето на руската вакцина нерегистрирана во ЕУ, мораше да се повлече од функцијата министер за здравство на Словачка во март поради владината криза предизвикана од купувањето на „спутник В“. Тој во четвртокот изјави дека земјата не е обврзана да го купи целиот обем на вакцина предвиден со договорот.

„Словачка не мора да го откупи договореното колиество од  „спутник В“. Јас инсистирав во договорот со Русија да се вклучи клаузула која се вели дека, ако руската страна не ни испорача најмалку 50 отсто од ветеното количество во рок од еден месец, Словачка може еднострано да се повлече од договорот. Можеме да ги продадеме вакцините на трета страна,“ вели тој.

На 30 април словачкиот премиер Едуард Хегер рече дека договорот за купување на „спутник В“ објавен со согласност на Русија е поволен за земјата и многу словачки граѓани би сакале да бидат вакцинирани со руска вакцина.

Покрај тоа, развивачите на вакцината ја споредија ситуацијата во Словачка со онаа во Бразил, каде што САД отворено се спротивставија на промовирањето на руската вакцина. Министерството за здравство на САД во својот извештај за 2020 година призна дека Вашингтон се обидува да ги убеди бразилските власти да ја отфрлат руската вакцина.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега