Три дена нема настава во училиште во Бутел - глувци шетале во училиштето
Откако во просториите на основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел беа пронајдени глувци, голема вознемиреност се појави меѓу родителите на учениците.
Родители заедно со своите деца денеска излегоа на протест, барајќи итна реакција од надлежните институции.
„Децата не следат настава веќе три дена. Бараме училиштето да се исчисти и дезинфицира за безбедност на нашите деца,“ изјави еден од родителите за ТВ21.
Родителите најавуваат дека ќе продолжат со протестот сè додека не се обезбедат безбедни и хигиенски услови за наставата.
10.04.2025 - 22:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа