Скопјани пронашле платежна картичка, па ја користеле во 30 наврати

 


СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(30) и А.У. (29), двајцата од Скопје,  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. 

На 02.12.2024 во близина на угостителски објект во Скопје, второпријавената  пронашла платежна картичка сопственост на лице од Свети Николе и му ја дала на првопријавениот, кој во временски период од 02.12.2024 до 05.12.2024 неовластено ја употребил во 30 наврати, вршејќи трансакции на неколку места, при што се стекнал со  противправна имотна корист во вкупен износ од 15.091 денари.

29.05.2025 - 15:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега