Андоновски: Се дигитализираме за мајката во Скопје за да не чека на шалтер за да добие извод
Денеска учествував на министерскиот панел „Shaping Prosperity – Political Leadership and Strategic Choices for Digital Economic Growth“, кој се одржува во рамки на е-гов конференцијата во Талин, Естонија, информираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Македонија веќе ги реализира клучните приоритети:
● Редизајниран Национален портал за е-услуги со повеќе од 250 онлајн услуги достапни за сите граѓани;
● План за примарен дата-центар и хибридна консолидација на ИТ-ресурсите за посигурно и поефикасно управување;
● Нов Закон за сајбер безбедност и Национална стратегија за сајбер безбедност, усогласени со европската NIS2 директива; четири закони за дигитализација во рамки на Реформската агенда
● Партнерство со приватниот сектор за креирање инклузивен и сигурен дигитален екосистем.
"За мајката во Скопје што не мора да чека во ред за да добие извод од матична книга на родени, до претприемачот во Кавадарци кој добива потврда за енергетска дејност без да плати мито."
Дигитализацијата мора да ја мери својата успешност според тоа колку навистина служи на сите – не само на најповрзаните, туку на секој граѓанин кој заслужува достапност и доверба во системите.
Е-Гов конференцијата 2025, која се одржува на 28 и 29 мај во Талин, Естонија, е една од водечките светски собири за дигитална трансформација. На истата се обрати и претседателот на Естонија, како и министрите за правда и надворешни работи. Оваа година, конференцијата поврзува над 600 лидери за дигитален развој, креатори на политики и донатори од повеќе од 80 земји . Организирана од страна на е-Гов академијата (eGA), во соработка со Министерството за надворешни работи на Естонија и ESTDEV, конференцијата служи како платформа за размена на искуства и добри практики во областа на дигиталното управување, стои во објавата на министерот.
29.05.2025 - 20:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа