Тренчевска: Наместо намалени цени имаме зголемени цени на храна за 717 денари
Цените на производите по маркетите не се намалени, иако Владата тоа помпезно го најавуваше. На ова реагираа и граѓаните, освен еден вид леб, чија цена е намалена за 1 денар, на останатите производи нема намалување, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Отворено“ на 24 телевизија.
-Наместо намалени цени имаме зголемени цени на храна за 717 денари, и ова е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и немаат ефект. Граѓаните не осетија подобрување на животниот стандард и додека во Србија и Црна Гора, се намалија цените на 700 производи, кај нас се намалуваат маржи на едвај 70 производи. Кога СДСМ беше на власт, беа намалени цените на 500 производи, а за подобар животниот стандард на граѓаните, воведовме пакет антикризни мерки. ДПМНЕ освен да манипулира, нема никаква идеја и води погрешна економска политика, од која граѓаните немаат никаква корист, рече Трнчевска.
За време на изборите слушавме како ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе ја покачат минималната плата, а денес слушаме изјава на премиерот, кој вели дека платите ќе се покачат, тогаш кога ќе има можност, додде Тренчевска.
-Во изминатите години имавме постојан раст на платите, тргнувајќи од минималната плата и просечната плата. Во изминатите години, СДСМ ги покачи, минималната плата од 8.000 на 22.500 денари, а просечната од 20.000 на 41.939 денари. Сега наместо покачување, за еден месец, откако ДПМНЕ е на власт, имаме пад на просечната плата за илјада денари., рече Тренчевска.
Таа потенцираше дека власта ги извиси и наставниците и за првпат тие не ја почнаа годината со повисоки плати, а ниту пак ќе добијат покачување, иако им следува согласно колективните договори. За разлика од сега, со СДСМ наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата.
-Економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се погрешни, и не придонесуваат кон подобрување на стандардот на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.
25.09.2024 - 09:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа