Трагедија на патот Прилеп-Македонски Брод: Едно лице загина

Маж починал на лице место во сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп-Македонски Брод.

- На 01.03.2021 во 22:05 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод, пред влезот за село Ропотово, патничко моторно возило „форд ескорт“ без регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Р.Ј. од село Долнени, излетало од патот. Во незгодата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега