Ѓоковиќ за мечот со Музети: Не се плашам од никого и од ништо

Светски рекет број еден Новак Ѓоковиќ ги сподели очекувањата за утрешниот меч со Италијанецот Лоренцо Музети во третото коло на Мастерсот во Монте Карло.

– Тој очигледно е еден од најталентираните играчи на земјена подлога и има одличен бекхенд со една рака. Тој е многу атлетски и може да излезе со многу добри работи. Еден е од најперспективните млади играчи не само во Италија, туку и во целиот свет. Но, не се плашам од никого и ништо, изјави Ѓоковиќ, за „Sportskeeda“.

Ѓоковиќ во второто коло го совлада Русинот Роман Сафиулин со резултат 6:1 и 6:2.

Мастерсот во Монте Карло се игра од 7 до 14 април за награден фонд од шест милиони евра

10.04.2024 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега