Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

 

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски.

Костадинов пишува дека нема намера да биде алиби за поразот на СДСМ во Струмица.

- Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе од една реченица. Толку е доволно да го прочиташ пулсот. Да видиш кој што мисли, кој мисли како тебе, кој не мисли воопшто. Да видиш која е вистинската состојба на партијата – има ли таму уште искрени луѓе или само спакувани кариери со фолија за замрзнување.Кога споменав можност за независна кандидатура – без воопшто да одлучам – мислев дека ќе треба барем две недели за да се охрабрат и најголемите глумци да го покажат лицето. Не. Не им требаа две недели. Им требаа помалку од 24 часа. Секоја чест на исклучоците – на вистинските другари, чесните, лојалните, тие што навистина сакаат СДСМ да си го врати достоинството. А раководството? Раководството си донесе одлука – и покрај мое убедливо водство на сите анкети. Но, во обид да го убијат разумот, почнаа да пуштаат анкети на Facebook – со лајкови по групи – затоа што веќе не веруваат ни во анкетите што самите ги платиле. Епа, жално. Со такво раководство, многу е и една општина да се победи. Не, јас не одам како кандидат. Јас се повлекувам во тишина, за да создадам нова визија за СДСМ – партија со авторитет, со план, со луѓе кои разбираат стратегија и знаат дека партијата е жив организам, а не штаб за оговарање. И да не се лажеме – не сум политички наивен. Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз. Брзо го загризаа тој наратив, но уште побрзо ќе го голтнат поразот. Мојата стратегија ќе биде јасна – и ќе биде поделена во два дела: Првиот – во септември, вториот – по завршување на локалните избори. До тогаш, правете си анкети по Фејсбук групи. Дури и тоа нека помогне да се победи барем во една општина. Јас ќе останам член со замрзнат статус – додека не ги видам резултатите. После – ќе видиме некои други ќе мораат назад. На првиот тест – паднавте. Во октомври – играјте повнимателно. Народот не е повеќе глупав. - пишува Костадинов.

04.07.2025 - 20:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега