Тошковски: Криминалните групи паѓаат - Безбеден град во 2025

 

Криминалните групи паѓаат, а информации не протекуваат. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека затекнал катастрофална состојба, но вели борбата со криминалот е успешна. 

-Еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители со правосилна пресуда повеќе не се дел од рекетарски систем којшто институционално го граделе години наназад. Во една недела за два дена имавме две сеопфатни акции, едната на територија на југоисточна Македонија и едната на Западна Македонија. Во едната падна цела организирана група на цариници којшто ја злоупотребувале службената положба и се богателе на грбот на македонските грѓаани. Во втората акција беше сузбиена една криминална група која долги години харала и била поврзана со нелегална трговија со дрога, со луѓе, перење пари. Разликата од претходно во спроведувањее на таков тип на акции е што тогаш на денот на акцијата некако магично првите луѓе на тие криминални групи секогаш беа надвор од државата и недостапни за полицијата а беа апсени луѓе кои не се носители на криминалот. Е сега таква информација која ќе им дозволи да избегаат не протекува и затоа акциите се успешни и ќе продолжат да бидат успешни, рече Тошковски.

Проектот Безбеден град се очекува да профункционира во 2025 година.

-Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат. Проектот иако е планиран и почнат од порано не се предвиделе системските решенија како ќе се имплементира и низ другите институции како судовите. Секако ќе има период на информирање на граѓаните, нивно прилагодување кон системот со цел да стартуваме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура која ќе резултира со ред во сообраќајот без жртви, вели Тошковски.

14.11.2024 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега