Тешко повреден 22-годишен велешанец, паднал од мотоцикл
Во СВР Велес, од болницата во Велес вчера околу 15:35 часот било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 22-годишниот Е.С. од село Клуковец, велешко.
Како што информира попладнево од СВР Велес, Е.С. се здобил со повредите при пад од мотоцикл во село Клуковец. Полициски службеници излегле на лице место и се работи на расчистување на случајот.
26.03.2025 - 16:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа