Температурите во последните 12 месеци се повисоки од изминатите 125.000 години

 

Температурите во последните 12 месеци беа најтопли во изминатите 125.000 години, според истражувањето објавено денеска од непрофитната новинска организација „Climate Central“ во Принстон, Њу Џерси.

Просечната глобална температура била околу 1,32 степени Целзиусови повисока отколку пред Индустриската револуција, соопшти организацијата.

„Топлината подеднакво ги погоди и богатите и посиромашните држави. Додека климатските влијанија беа најсилни во земјите во развој во близина на екваторот, периодите на екстремни горештини поврзани со климата во САД, Индија, Јапонија и Европа укажуваат дека никој не е безбеден од климатските промени“, рече водечкиот истражувач Ендрју Першинг.

Неговиот тим ги прегледа температурните записи од 175 земји, 154 држави или провинции и 920 големи градови од ноември 2022 до октомври 2023 година. Анализата е објавена на нивната веб-страница.

09.11.2023 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега