Таравари: 47 повредени ќе се лекуваат надвор од државата
Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.
Таравари потврди дека утре во Македонија ќе пристигнат специјалисти за изгореници од Израел, Белград и од Прага, кои ќе им помогнат на домашните медицински тимови.
– Неколку пациенти имаат потреба од кислородна поддршка, но генерално сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Но, овие ситуации не се предвидливи. Засега велиме дека е стабилно, иако постои можност за развивање едеми и други компликации – посочи Таравари.
16.03.2025 - 20:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа