Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92% е реализиран од СДСМ, со гордост го одбележуваме пуштањето во употреба
Со гордост денеска го одбележуваме пуштањето во употреба на експресниот пат Градско – Дреново, проект со огромно значење за нашите граѓани, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески пратеник од редовите од СДСМ.
Овој проект, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај, рече Талески.
„Владата на СДСМ обезбеди средства и го реализира проектот со над 92%. Ги заврши:
• Трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново;
• Четирите вијадукти;
• Сите мостови, надпатници и подпатници;
• Како и 98% од поставениот асфалт.
Актуелната власт само постави 50 метри асфалт (да се провери) и денеска го пушта ов употреба.
Да денеска ќе се китат со туѓи перја но важно е што граѓаните конечно добиваат целосно функционален експресен пат.
Очекуваме наскоро да биде завршена и делницата од Дреново до Фариш, која е веќе над 80% реализирана благодарение на домаќинското и одговорно работење на Владата на СДСМ. Беа пробиени и двата тунели на оваа делница и зошто власта сега доцни е прашање“, посочи Талески.
Талески истакна дека реализацијата на овој проект е огромно економско значење за сите граѓани, особено за жителите на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Градско.
„Пат кој значи подобрување на локалната економија но и безбедноста на граѓаните, затоа што станува збор за пат направен по европски стандарди.
СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура.
Целосно ја обновивме патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, а ја започнавме реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д, прв автопат во овој регион.
Ова е доказ за нашата одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните и ова е потврда за придобивките на граѓаните од вистинските и визионерски политики на СДСМ.
Им благодариме на сите вредни градежни работници, инженери, проектантни, на сите кои неуморно работеа, учествуваа во реализацијата на овој проект“, потенцираше Талески.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа